Август 2018
Интервју на директорот Муареми за Фактор
Голема странска инвестиција која се уште работи во земјава е под лупа на Управата за финансиска полиција. Првиот човек на оваа институција Арафат Муареми во интервју за Фактор вели дека со овој случај ќе докаже дека дел од инвеститорите дошле во земјава само колку да земат пари од буџетот. Колкав криминал е направен и колкава е штетата на државниот буџет, Муареми вели дека набрзо ќе се дознае.
Кривична пријави за градоначалник на Општина Карпош
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.