Октомври 2021

Соопштение за јавноста

Сре, 06.10.2021 - 08:43
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект “Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат давачки-комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на 9 нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

Прв академски час за учебна 2021/2022 на Факултетот за безбедност

Пон, 04.10.2021 - 16:11
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на 01.10.2021 имаше чест да присуствува и да се обрати  на првиот академски час на новата студентска година на Факултетот за безбедност при...

Соопштение за јавноста

Пет, 01.10.2021 - 15:32
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект,, Приватна здравствена установа- Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје,, како и против правниот субјект.