Април 2024

Поднесена кривична пријава против три физички и едно правно лице

Пон, 29.04.2024 - 12:46
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Работна средба со претставници на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија

Вто, 23.04.2024 - 14:32
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Г-дин Сајмон Вудкок, досегашен претставник на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и ново назначениот претставник, Г-дин Давид Мартин. Директорот Иванов покрај другото му се заблагодари на Господин Вудког, за силната и принципиелна поддршка, личен ангажман и искрената заложба за унапредување на капацитетите на Управата за финансиска полиција и му посака пред се добро здравје, и успех во понатамошните ангажмани порачувајки му дека останува верен пријател и поддржувач и во секое време добредојден во Управата за финансиска полиција.

Поднесена кривична пријава против три физички лица

Пет, 05.04.2024 - 14:07
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица за сторено кривично дело Измама од чл.247, а во врска со соизвршителство по чл. 22, помагање по чл. 24 и продолжено кривично дело по чл. 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија

Вто, 02.04.2024 - 15:16
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. На средбата беа истакнати заедничките заложби за зајакнување и продлабочување на соработката меѓу овие две институции.