Кривична пријава за директорката на Агенцијата за филм

Сре, 06.12.2017 - 10:40
Кривична пријава против директорката на Агенцијата за филм

Управата за финансиска полиција во консултација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Директорот на Агенцијата за филм М.Ѓ.И која  во период од 26.10.2016-18.09.2017 злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување склучила Анекс Договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на проектот играната серија "Македонија" во корист на државјанин на Р.Хрватска и Јадран филм ДООЕЛ Скопје.