Соопштение за јавноста

Сре, 14.10.2020 - 16:20
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до Основното Јавно Обвинителство Скопје  поднесе кривична пријава против Б. А. и БАЛИ&КЕКИ ТРЕЈД ДООЕЛ с.Глумово увоз – извоз Скопје

 

Пријавениот Б. А. во својство на управител и сопственик на Друштво за собирање отпад, трговија и услуги БАЛИ&КЕКИ ТРЕЈД ДООЕЛ с.Глумово увоз – извоз Скопје, во текот на 2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 765.838 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 137.851 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10% во износ од 90.369 денари, притоа не ги прикажал како приходи застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 2.316.448 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 231.645 денари по основ на неоданочени застарени обврски кон добавувачи кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2016, 2017, 2018 и 2019 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Пријавениот Б. А. не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 459.685 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.