Соопштение за јавноста

Чет, 31.12.2020 - 22:39
Соопштение за јавноста

Поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Б.В. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство трговија и услуги БЕЈПЛАС ДООЕЛ увоз-ивоз Студеничани,и против М.Џ. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство трговија и услуги БЕЈПЛАС ДООЕЛ увоз-ивоз Студеничани,

  Првопријавениот Б.В. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство трговија и услуги БЕЈПЛАС ДООЕЛ увоз-ивоз Студеничани, помогнат од второпријавениот М.Џ. во својство на управител и сопственик на правниот субјект Друштво за производство трговија и услуги БЕЈПЛАС ДООЕЛ увоз-ивоз Студеничани, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и правното лице Друштво за производство трговија и услуги БЕЈПЛАС ДООЕЛ увоз-ивоз Студеничани, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 13.461.564 денари ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, при што не пресметал и не платил Данок на додадена вредност во износ од 2.423.081 денари  и Данок на добивка во износ од 1.346.156 денари.

Првопријавениот и второпријавениот во 2016 година не ги прикажале како приходи ненаплатените и застарените обрски во износ од 18.750.808 денари со што затаиле Данок  на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 1.875.080 денари, како и не изготвиле и не доставиле завршни сметки за периодот од 2016-2019 година до Управата за јавни приходи и до Централен регистар, односно вкупно затаиле ДДВ и Данок на добивка во вкупен износ од 5.644.317 денари за кој износ пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.