Соопштение за јавноста

Чет, 06.05.2021 - 11:17
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на сопственик на правниот субјект РИНЏО-МАК-2001 ДООЕЛ увоз-извоз с. Брвеница Тетово.

Пријавеното лице во својство на сопственик на правниот субјект РИНЏО-МАК-2001 ДООЕЛ увоз-извоз с. Брвеница Тетово, во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (градежни материјали, песок, цигли и дрва) евидентирана на залиха во вредност од 8.635.309 денари, книговодствено прикажана како кусок, без пресметани Обврски за Данок, неосновано ја присвоило и не ја прикажало во сметководството како употреба за сопствени цели, при што лицето не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18 % во износ од 1.554.355 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 708.095 денари, а за застарените Обврски постари од три години во износ од 11.580.822 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2019 година, пријавеното лице не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 1.158.082 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавеното лице не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2017 година, 2018 година и 2019 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија со што не пресметало, не пријавило и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 3.420.532 денари, за кој износ го оштетилo Буџетот на Република Северна Македонија. 

Управа за финансиска полиција