Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му врачи Плакета за благодарност во соработката на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Пон, 10.05.2021 - 12:42
plaketa

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му врачи Плакета за благодарност во соработката на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми- Продолжуваме заедно, одлучно и неселективно во битката со организираниот криминал и корупција.

По повод одбележување на Денот на полицијата- 7 Мај во Полицискиот центар “Ѓорче Петров” директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на свеченоста организирана од страна на Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски.

На свечената церемонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во знак на досегашната успешна соработка помеѓу  двете институции во борбата против организираниот криминал и корупција му додели Плакета за благодарност на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

Директорот на Управата за финансиска полиција до министерот и до сите полициски службеници упати честитки и искажа благодарност за нивната професионалност, посветеност, чесност и истрајност во работата со која заеднички обезбедуваме безбедност на граѓаните и стабилност  на државата.

Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција продолжуваат со заедничката борба против криминалот и корупцијата, транспарентно, неселективно и во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

 

plaketa