Обраќање на директорот Арафат Муареми на завршната конференција организирана од страна на Коалиција „Сите за правично судење“

Пон, 19.07.2021 - 15:48
Обраќање на директорот Арафат Муареми на завршната конференција организирана од страна на Коалиција „Сите за правично судење“

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми учествуваше на завршната конференција организирана од страна на Коалицијата „Сите за правично судење“.

Коалиција „Сите за правично судење“ го спроведува проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р.Северна Македонија“ кој е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).  Во рамки на овој проект беше спроведен мониторинг на кривични судски постапки во основните судови во Република Северна Македонија во судски предмети каде што постои можност да се изрече мерката конфискација.

Свое излагање на Завршната конференција имаше директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на тема „Предизвици и добра пракса во финансиските истраги“.