Мај 2021
Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со претставници од Финансиската Управа на Република Словенија
Во знак на продолжување на Меѓународната развојна соработка помеѓу Република Словенија и Република Северна Македонија, а која се однесува на Поглавје 24- Финансиски истраги на ден 06.05.2021 година директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми оствари работна средба со програмскиот директор на проектот Андреја Долничар Јерај и Дамјана Слапар Буркат, претставник од Финансиската Управа на Република Словенија.
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице.
Пријавеното физичко лице во текот на месец ноември 2020 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, довело во заблуда друго физичко лице прикажувајќи лажни факти и прикривајќи факти за својот работен статус претставувајќи се како одговорно лице во правно лице, кое преку Министерството за труд и социјална политика е задолжено за доделување на социјални станови на лица од ранливи категории,