Ноември 2023

Управата за финансиска полиција ги зајакнува своите капацитети во борба против организираниот финансиски криминал и корупцијата

Сре, 08.11.2023 - 16:17
Управата за финансиска полиција, со поддршка од Обединетото Кралство, го модернизира  своето работење преку имплементација на нов современ документ менаџмент систем, кој ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата, побрза размена на информации и податоци со другите релевантни институции, скратување на времетраењето на предистрагите, како и обезбедување на квалитетни и релевантни докази.  

Работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција и Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје

Вто, 07.11.2023 - 13:25
Директорот Горан Иванов оствари работна средба со Вишиот јавен обвинител  Мустафа Хајрулахи. На состанокот се разговараше за актуелни прашања во надлежност на двете институции.