slide

Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

Пет, 21.06.2019 - 17:15
На ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Остварена официјална работна посета на Република Словенија

Вто, 11.06.2019 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми од 4 до 7 Јуни 2019 година престојуваше во работна посета на Република Словенија. Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имотот стекнат на нелегален начин.

Директорот Арафат Муареми во работна посета на Guardia di Finanza, Република Италија

Пет, 12.04.2019 - 13:56
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во придружба на уште двајца претставници од Управата, во периодот од 07-11 Април оствари работна посета на Guardia di Finanza во Република Италија.

Втора годишна конференција по повод 2 Април - Ден на Буџетот

Сре, 03.04.2019 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Втората годишна конференција по повод 27-та годишнина од усвојувањето на првиот Буџет на Република Северна Македонија и одбележување на Денот на Буџетот- 2 Април.