slide

Кривична пријава против Агенција за филм, за Тотал ТВ

Сре, 25.04.2018 - 10:00
Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата: Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година и М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.

Кривична пријава за поранешен Министер за Здравство

Вто, 03.04.2018 - 10:30
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата Т.Н. - поранешен Министер за здравство на Р. Македонија и П.В. - Раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на Јавните здравствени установи во Р. Македонија при Министерството за здравство, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело "Несовесно работење во службата" од член 353-в од КЗ на Р. Македонија

Кривична пријава за директор на Управата за заштита

Чет, 22.03.2018 - 10:39
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Кривична пријава против лицето П.К. - поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 ст.5 в.в.ст.3 и 1 од КЗ на РМ и против лицето Ш.Ц. од Р.Хрватска во својство на одговорно лице во Конструктор Инженеринг АД Сплит

Запленето возило што ги поврзува Доневски и Секјуриком

Пет, 16.03.2018 - 10:10
Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми истакна дека во рамки на предистражната постапка за проневерени околу 11 милиони евра преку тендер спроведен од владината Служба за општи и заеднички работи, што го добила компанијата Секјуриком, меѓу другото, запленето било патничко возило што ги поврзува инкриминираните страни.