Денес 31.03.2023 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потпишаа меморандум за соработка.
Целта на овој меморандум е да ја зајакне и продлабочи меѓуинституционалната соработка и комуникација.
Двете страни потписници на овој меморандум ја изразија подготвеноста да делуваат координирано,да дејствуваат секој согласно своите законски надлежности ,да обезбедат навремена комуникација, да разменуваат информации ,и да соработуваат преку назначени стручни тимови од државни ревизори и овластени службени лица.
Според потпишаниот Меморандум , активностите и соработката ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.