Соопштенија
Кривична пријава против поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника и в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Злоупотреба на службена положба и овластување член 353 став 2 од Кривичниот законик и против Б. А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Несовeсно работење во службата член 353-в став 2 од Кривичниот законик.
Средба со Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон
Денеска Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон. На средбата Ивановски изрази искрено задоволство и благодарност за досегашната динамична и продуктивна соработка со ОБСЕ.
Потпишан меморандум за соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство
Тргнувајќи од заедничката заложба и интерес да дадат свој придонес за сузбивање на финансискиот криминал, со цел заштита на финансиските интереси на Република Северна Македонија, согласно Уставот, позитивните законски прописи и ратификуваните меѓународни договори, преку развивање на соработката на полето на размена на податоци и друга меѓусебна соработка.