Соопштенија

Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје, во работна посета на Управата за финансиска полиција

Чет, 26.09.2024 - 15:09
Денес во просториите на Управата за финансиска полиција, директорот Слободан Ивановски оствaри работна средба со Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје. На состанокот се разговараше за размена на искуства и соговорниците се согласија дека постојат можности, но и потреба за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области со цел за превенирање и сузбивање на финансискиот криминал во земјава, но и на меѓународно ниво.

Работен состанок со претставници на ИЦИТАП програмата при Амбасадата на САД

Сре, 25.09.2024 - 15:21
Продолжување на досегашната соработка и заеднички активности кои ќе ги преземаме во периодот што следи, беа фокусот на денешната работна средба со Полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД, Вирџинија Елиот. На средбата се говореше за проектите и досегашната поддршка во доменот на кривичните истраги, преку меѓународната програма ИЦИТАП.

Работна средба со претставници од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Пон, 23.09.2024 - 15:08
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски оствари работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Досегашната соработка и идните планови за нејзино продлабочување, беа темите на работниот состанок.

Работна средба со преставници од HMRC- Британската управа за јавни приходи и царина

Чет, 12.09.2024 - 23:18
Продлабочувањето на соработката со реномирани меѓународни институции, во сегментот на сродното делување на УФП, е еден од главните приоритети на Управата за финансиска полиција во тековниот период, во константната борба со финансискиот криминал.

Работен состанок со претставници на Британската управа за јавни приходи и царина (HMRC)

Сре, 19.06.2024 - 15:44
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работен состанок со претставници на Британската управа за јавни приходи и царина (HMRC) На состанокот беа согледани активностите и придобивките од досегашната соработка која е на исклучително ниво. Од страна на Директорот, Иванов на високите претставници им беше упатена благодарност за подршката која несебично ја пружаат преку техничка и стручна помош, за склучениот меморандум за соработка како и за вклучување на Управата за финансиска полиција во програмите со обуки на теми кои се од делокругот на работењето .