Соопштенија

Работна средба на Директорот на Управата за финансиска полиција и Аташето на ИЦИТАП програмата

Пет, 09.02.2024 - 16:29
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со  , аташето на ИЦИТАП програмата , Michael T McKee. Денешната работна средба беше  со цел продлабочување на веќе воспоставената плодна и трајна соработка.

Финансиската полиција со нова техничка опрема ќе ги зајакнува капацитетите за поефикасно справување со организираниот криминал – Потпишан Договор за донација

Пет, 09.02.2024 - 16:21
Денес во присуство на вработените на Управата за финансиска полиција беше потпишан Договор за донација  помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Програмскиот координатор на Канцеларијата за програмска координација  на претседателството на Турската агенција за соработка и координација ТИКА -Скопје,  Мехмет Бајрак.

Акција на Финансиска полиција, се приведоа лица кои го оштетиле Фондот за здравствено осигурување

Пет, 29.12.2023 - 11:17
На ден 28.12.2023 од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. 

Работен состанок на Директорот на Управата за финансиска полиција и Директорот на Агенцијата за разузнавање

Вто, 26.12.2023 - 15:38
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работен состанок со Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.  На состанокот се дискутираше за повеќе актуелни прашања кои се во надлежност на двете институции. 

Работен состанок и доделени благодарници за успешна соработка

Вто, 05.12.2023 - 09:05
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари средба со Г-дин Сајмон Вудкок, Oфицер за врски за фискален криминал на Управа за јавни приходи и царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и Г-дин Ричард Велхам, Регионален координатор за обуки за  Јавни приходи и царини за Западен Балкан