Соопштенија

Изјава на Директорот Слободан Ивановски за постигнати резултати на Управата за финансиска полиција

Пон, 30.12.2024 - 17:24
Во изминатиот период од четири месеци, Управата за финансиска полиција, постигна значајни резултати во областа на своето делување, особено во поглед на започнатите постапки и завршените пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. "Можеби најважната работа за нас како Управа е реализацијата на поведени постапки и завршени пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. "

Поднесена кривична пријава против осум службени лица за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ

Пон, 30.12.2024 - 13:49
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 8 службени лица поради основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ по член 353 став 4 од Кривичниот законик.

Поднесена кривична пријава против Б.С во својство на управител и против правно лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје

Чет, 19.12.2024 - 13:15
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и Централен депозитар за хартии од вредност

Сре, 18.12.2024 - 17:17
Директорот на Управата за финансиска полиција,Слободан Ивановски и  извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност, Даринка Дамјановиќ, , потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Поднесена кривична пријава против П.Б. генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија

Вто, 17.12.2024 - 13:09
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.