Конференцијата за Сузбивање на организиран криминал низ стратешко партнерство

Пон, 05.10.2020 - 14:51
Конференцијата за Сузбивање на организиран криминал

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата за Сузбивање на организиран криминал низ стратешко партнерство, одржана онлајн на ZOOM платформата на 5 Октомври 2020 година. Конференцијата е организирана од страна на претседавањето на Албанија со ОБСЕ во 2020 година, во соработка со Медитеранската партнерска група за соработка со ОБСЕ, под претседателство на Шведска и во соработка со Одделот за транснационални закани во рамките на Единицата за стратешки полициски прашања во Виена.

 

Konferencija 2


    Конференцијата се состоеше од четири панел дискусии и тоа првиот панел со фокус на главните трендови и предизвици во борбата против организираниот криминал, вториот панел со фокус на важноста на следењето на финансиските текови во борбата против организираниот криминал, третиот со фокус на понатамошниот развој на стратешкото партнерство на регионално и меѓународно ниво во борбата против организираниот криминал и четвртиот панел во фокус на тоа до кој степен организираните криминални групи ги користат информациските и комуникациските технологии во остварувањето на нивните цели.

 

 

Konferencija 3