Соопштение за јавноста

Пет, 16.10.2020 - 11:13
Управа за финансиска полиција панел

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј. Х., управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и угостителство ДЕРБИ ГРОУП ДОО, и против правното лице Друштво за производство, трговија и угостителство ДЕРБИ ГРОУП ДОО.

Првопријавениот Ј. Х. во својство на управител и овластено лице и потписник на банкарските сметки на второпријавеното Друштво за производство, трговија и угостителство ДЕРБИ ГРОУП ДОО, Скопје во период од 01.01.2016 до денес, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, набавената трговската стока евидентирана на залиха во Завршната сметка за 2015 година  во вредност од 4.355.919 денари  денари неосновано  ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект ДЕРБИ ГРОУП ДОО Скопје, како кусок и притоа не пресметал, не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 784.065 денари денари и Данок на добивка во износ од 435.592 денари, односно, не ги подмирил законските дааночни обврски во вкупен износ од 1.219.657 денари,  со што го оштетиле Буџетот на Р. Северна Македонија.