Соопштение за јавноста

Пет, 23.10.2020 - 10:03
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, транспорт и трговија КРАФТ КОМПАНИ ДОО и против Друштво за производство, транспорт и трговија КРАФТ КОМПАНИ ДОО

     Првопријавениот Ј. Х. во својство на сопственик и управител на второпријавеното Друштво за производство, транспорт и трговија КРАФТ КОМПАНИ ДОО во периодот од 01.01.2016 година до  31.12.2016 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во Завршната сметка за 2015 година  во вредност од 1.542.071 денари, неосновано  ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект КРАФТ КОМПАНИ ДОО како кусок, а притоа не пресметал и не платил данок на додадена вредност во износ од 277.572 денари и данок на добивка во износ од 154.207 денари, исто така за периодот од 01.01.2016 година прикажал невистинити податоци во завршните сметки и Даночниот Биланс за 2016 година на начин што не прикажал зголемување на приходите за застарените, а не платени обврски кон добавувачите во вкупен износ од 1.597.625 денари, при што не ги зголемил приходите и не ги искажал истите во Даночниот Биланс за 2016 година. Имено,  не платените обврски према добавувачите кои согласно член 363 од Законот за Облигациони односи застаруваат за период од три години, а за истите не се поведени судски спорови со цел истите да бидат наплатени од добавувачите во вкупен износ од 1.597.625 денари, за кој износ првопријавениот Ј.Х. не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 159.762 денари или вкупно 591.541 денари за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија