Соопштение за јавноста

Пон, 02.11.2020 - 18:51
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против:

 

 

С.С. во својство на Претседател на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 25.10.2012 до 14.10.2016 година;

А.Р. во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од31.01.2014до05.08.2017година;

Н.Ј. во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 31.01.2014до13.04.2016година;

К.А. во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од31.01.2014до05.08.2017година;

К.Г. член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година;

Н.К. во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од26.07.2019доденес;

С.В. во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 31.01.2014 до 05.08.2017 година;

поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик;

Првопријавениот С. С., во својство на Претседател на Управен одбор на АД МЕПСО, второпријавениот А. Р., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО, третопријавениот Н. Ј. својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО, четвртопријавениот К. А., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО, петтопријавената К. Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО, шестопријавениот Н. К., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО и седмопријавениот С. В., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО, во периодот 2015-2016 година,  несовесно постапиле при вршењето на своите овластувања и должности, на начин што не донеле навремено одлука за отпочнување на јавна набавка на услуги за осигурување на имот и вработени, со што предизвикале склучување на Анекс кон договорот за осигурување од 2013 година, по кој Анекс е платен надоместок за осигурување по цени значително повисоки од моменталните пазарни цени, односно од цените кои подоцна се постигнати по јавната набавка спроведена во 2016 година и на тој начин предизвикале штета на АД МЕПСО во износ од 3.435.894 денари.