Соопштение за јавноста

Пон, 02.11.2020 - 18:49
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Р.Б во својство на сопственик и управител на ТД ХИСАР ТУРИЗАМ ДООЕЛ Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување предвидено и казниво по член 279 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

       Пријавениот Р. Б., во својство на сопственик и управител на ТД ХИСАР ТУРИЗАМ ДООЕЛ Скопје во период од 01.01.2015 до 31.12.2018 година затаил Персонален данок од доход на начин што паричните средства од остварениот готовински промет на продадени билети за извршени услуги-превоз на патници, во износ од 54.102.865 денари ги присвоил лично за себе и не ги уплатил како дневен промет на банкарските сметки на друштвото, со што не пресметал и не уплатил Персонален данок од доход по даночна стапка од 11.11 % во износ од 6.010.828 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.