Соопштение за јавноста

Чет, 06.05.2021 - 11:13
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице                                                  

      Пријавеното физичко лице во текот на месец ноември 2020 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, довело во заблуда друго физичко лице прикажувајќи лажни факти и прикривајќи факти за својот работен статус претставувајќи се како одговорно лице во правно лице, кое преку Министерството за труд и социјална политика е задолжено за доделување на социјални станови на лица од ранливи категории, кое не ги исполнувало условите за аплицирање, во неколку наврати да даде на рака на пријавеното лице одреден износ на парични средства за да добие социјален стан, со што пријавеното лице нанело штета на другото физичко во износ од 370.000 денари.

Управа за финансиска полиција