Соопштение за јавноста

Чет, 06.05.2021 - 11:53
Соопштение за јавноста

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на сопственик на правниот субјект РИНЏО ДООЕЛ с. Брвеница Тетово.

Пријавеното лице во својство на сопственик на правниот субјект РИНЏО ДООЕЛ с. Брвеница Тетово, во периодот од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, набавената трговска стока (градежни материјали, песок, цигли и дрва) евидентирана на залиха во вредност од 8.688.968 денари, неосновано ја присвоило и не ја прикажало во сметководството како кусок, односно како наводно продадени градежни материјали на физички лица и како донација за цркви за кои не поседува никаква документација, при што пријавеното лице не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 15,2542 % во износ од 1.325.432 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 736.353 денари, истите во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2020 година не ги прикажало, ниту како кусок, ниту како продадени, ниту како донирани.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавеното лице не ги пријавило приходите и донациите до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија во Завршната сметка и Даночниот биланс за 2020 година со што не пресметало, не пријавило и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 2.061.785 денари, за кој износ го оштетило Буџетот на Република Северна Македонија. 

Управа за финансиска полиција