На ден 06.05.2021 година Директорот на Управа за финансиска полиција Арафат Муареми со дел од тимот на Управата имаше состанок со г-дин Љупчо Николовски - Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, на кој состанок се разговараше за тековното работење и предизвиците со кои се соочува Управата за финансиска полиција, како и за воведувањето на нови предлози и идеи во работењето на Управата со цел зголемување на борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Од страна на Заменик на Претседателот г-дин Љупчо Николовски беше изразена неспорна поддршка во процесот на зајакнување на капацитетите на Управата, притоа потенцирајќи ја заложбата на Влата на Република Северна Македонија во борбата против корупцијата и организираниот криминал, која се изразува преку силната поддршка на правосудните органи и институции.