Денес Управата за финансиска полиција бележи 18 години од своето формирање.
Со гордост можеме да кажеме дека Управата за финансиска полиција е современа, транспарентна, стручно и професионално оспособена и меѓународно афирмирана институција која работи на заштита на финансиските интереси на Република Северна Македонија.
Сакам да им се заблагодарам на сите вработени за вложениот труд, исклучителната посветеност и професионализам во своето работење, на сите наши соработници и на сите граѓани за укажаната доверба.
Управата за финансиска полиција продолжува да работи транспарентно и во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.