Промовирање на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот

Пон, 28.06.2021 - 11:41
Промовирање на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот

На ден 21.07.2021 Директорот на Управата за финансиска г-дин Арафат Муареми присуствуваше на промовирањето на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот, чиј домаќин беше заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, а активно учество земаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска.

Во рамки на својот говор Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја потенцираше улогата на Управата во преземањето на дејствија во врска со финансиските истраги без оглед дали се работи за спроведени финансиски истраги по сопствена иницијатива, или по барање на надлежно Јавно обвинителство или други институции кои посочуваат постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело.

Воедно, од страна на директорот се потенцира и важноста на донесување на Закон за потекло на имот, имајќи предвид дека со такво законско решение во голема мера ќе се олесни спроведувањето на финансиските истраги со оглед на фактот што со истото ќе се уреди и товарот на докажување на начинот на кој е стекнат имотот (правен основ) и правните последици од неможноста за докажување, што во овој момент со постојната законска регулатива не е случај.

1Промовирање на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот