Работна среда со г-дин Алмир Кудра, полициски советник за организиран криминал од Мисијата на ОБСЕ

Сре, 26.01.2022 - 13:45
Работна среда со г-дин Алмир Кудра

Во знак на продолжување на заедничката соработка со Мисијата на ОБСЕ во земјава, Директорот на Управата за финансиската полиција Арафат Муареми оствaри работна средба со полицискиот советник за организиран криминал г-дин Алмир Кудра од Мисијата на ОБСЕ.

За време на средбата се разменија мислења, се дискутираше за идните планови со конкретни идеи за помошта на Мисијата на ОБСЕ за идниот развој на дигиталните технологии со цел понатамошно развивање на нивните капацитети во борбата против финансискиот криминал.Соговорниците разговараа и за начините и активностите кои би довеле за подобрување на работата на Управата преку организација на обуки и стручно доусовршување од областа на дигиталната форензика.

На крајот од средбата директорот на Управата за финансиската полиција изрази задоволство од остварената работна средба, со надеж на продолжување на досегашната успешна соработка.

Галерија