Во знак на подрршка во остварување на хуманитарни цели и задачи директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Северна Македонија

Сре, 23.02.2022 - 16:06
средба со Генералниот секретар на Црвениот крст

На ден 22.02.2022 година директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.  На средбата од страна на Генералниот секретар Саит Саити беше претставена работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, услугите кои ги обезбедува националното друштво во државата, формите на финансирање и клучните активности на организацијата. Беше дискутирана можност за конкретна соработка со Управата за финансиска полиција во делот подготвеност и дејствување при катастрофи, крводарителството каде по повод денот на Управата за финансиска полиција ќе се организира крводарителска акција.

Во знак на благодарност за поддршка во остварување на хуманитарните цели и задачи, Црвениот крст на Република Северна Македонија му додели плакета на директорот Aрафат Муареми и Благодарница на Управата за финансиска полиција.

Галерија