Потпишан меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и  Економски факултет-Скопје

Сре, 13.03.2024 - 16:25
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и  Економски факултет-Скопје

На 13.03.2024 година, Управата за финансиска полиција застапувана од Директорот, Горан Иванов и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје застапуван од Деканот, Предраг Трпески, склучија меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, изградба и зајакнување на меѓусебните деловни врски како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства.

Двете страни се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку организирање на форуми, семинари, работилници, консултантска дејност, и слични форми на стручно професионално и академско информирање, изработка на заеднички проекти за истражување, дебати, обуки и едукација, поврзување на теоријата со пракса и соработка заради приближување на теоријата со праксата за потребите на студентите.
 

Галерија