Потпишан меморандум за соработка помеѓу Управа за финансиска полиција и Државната комисија за спречување на корупција

Вто, 26.03.2024 - 13:50
1

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во присуство на членовите на комисијата и менаџментот на  Управата, потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишување на овој меморандум за соработка се  очекува  да се продолжи и уште повеќе да се  зајакне и продлабочи меѓусебната соработка, да се  обединат   институциите во своето делување, а на тој начин да се обезбеди заедничко исполнување на проектните цели- транспарентни, одговорни и ефикасни демократски институции, во насока на остварување на заедничката цел, односно поефикасна борба со корупцијата во Република Северна Македонија.   

Со овој меморандум  се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположивото знаење и искуство, во сите области во кои постојат кадровски и други потенцијали што можат да бидат искористени за унапредување на меѓусебната соработка заради постигнување на заеднички цели и интереси. Со Меморандумот се превдидува зајакнување на соработката меѓу двете институции преку навремена, непосредна и взаемна комуникација, која ќе обезбеди размена на суштествени податоци и информации, како и преку подготовка на заеднички проекти за унапредување на меѓуинституционалната соработка.

Директорот Иванов истакна дека  Државната комисија за спречување на корупција и Управата за финансиска полиција  кои се  слични во своите надлежности и законски обврски во борбата против корупцијата, ќе  мора интензивно да продолжат со активностите, со независно, објективно, одговорно и транспарентно работење  а резултатите на таа борба ќе бидат резултати на нашата држава во целост.

Претседателката Татјана Димитровска истакна дека, потпишувањето на овој меморандум е еден вид рамка која ги заокружува предходните одржани неофицијални состаноци и заедничкиот став дека интензивирањето и продлабочувањето на соработката, како и делувањето на секоја институција во рамки на своите надлежности ќе допринесе во исполнување на заедничките цели.

Галерија