Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. На средбата беа истакнати заедничките заложби за зајакнување и продлабочување на соработката меѓу овие две институции.
Покрај другите теми кои се разговараа на работната средба посебен акцент беше ставен на активностите за јакнење на координацијата на Управата за финансиска полиција со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и со другите надлежни органи во постапувањето по конкретни предмети, заради зголемување на ефикасноста и ажурноста на постапките кои се водат а се со една и единствена цел апсолутно недвосмислена и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.