Меѓународна сертификација на центарот за обука

Чет, 13.03.2025 - 14:44
1_slide

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски присуствуваше на свеченото предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (IADLEST), која ја врачи амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер. 

Ова признание е значаен чекор во унапредувањето на стандардите за полициска обука, со што се овозможува постојан професионален развој и усовршување на припадниците на полицијата. Инвестицијата во едукација е инвестиција во посигурна иднина, а поддршката од нашите меѓународни партнери е клучна за градење на модерен и ефикасен безбедносен систем.

Галерија