Соопштенија

Соопштение за јавноста

Пет, 01.10.2021 - 15:32
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект,, Приватна здравствена установа- Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје,, како и против правниот субјект.

Соопштение за јавноста

Пет, 24.09.2021 - 12:52
Почитувани, Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица, од кои: првопријавениот - одговорно лице во Општина Петровец- Градоначалник во периодот од 2009 година до денес, второпријавениот – во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект ЛЕОМА ТРАНС ДОО Скопје, третопијавениот- во својство на инжинер за надзор, четвртопријавениот – во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект СМ БАУ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект ЧОЛА ТОП ДООЕЛ Батинци, и петтопријавениот- во својство на управител на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје

Соопштение за јавноста

Чет, 02.09.2021 - 15:32
Управата за финансиска полиција  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правно лице и  против правното лице Акчелик градба ДОО увоз извоз Скопје.

УФП склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување ИМГ (International Management Group)

Сре, 01.09.2021 - 11:55
Управата за финансиска полиција на ден 26.08.2021 година склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување (ИМГ), со цел овозможување на поддршка од страна на ИМГ во врска со успешна имплементација и/или администрирање на низа можни развојни проекти дизајнирани за поддршка на Управата.

Координативен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси

Пон, 19.07.2021 - 15:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во рамки на редовните координативни активности на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупциј...