Соопштенија

Меморандум за соработка со Централен регистар на РМ

Сре, 19.12.2018 - 11:55
На ден 19.12.2018 година Управата за финансиска полиција и Централниот регистар на Република Македонија потпишаa Меморандум за соработка. Овој меморандум е резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции. Со него се гарантира континуитетот во унапредување на институционалната одговорност, но и посветеноста на двете институции за откривање и анализа на податоци за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела и нивните сторители од областа на финансискиот криминал...

Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела

Сре, 28.11.2018 - 11:45
Управата за финансиска полиција на 28-29.11.2018 беше домаќин на работилница за „Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела“. Истата беше организирана во соработка со ОБСЕ и ГИЗ. ЕУ во изминатите две децении има поддржано многу реформи во Западен Балкан. Работењето на реформите во владеењето на правото, основните права и доброто владеење остануваат клучни прашања за овие земји и голем предизвик за глобалната заедница.

Учество на конференција за спречување на перење пари

Пет, 02.11.2018 - 15:50
На 01.11.2018 Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми ја отвори втората меѓународна конференција за спречување на перење пари и финансирање тероризам организирана од Институтот за бизнис и менаџмент - Хајделбер и Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ.

Меморандум за соработка со Државно правобранителство

Нед, 28.10.2018 - 11:45
На ден 28.10.2018 г во се оддржа средба на која  беа разменети искуства  и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство. Оваа средба беше договорена на предходните состаноци каде беше завземен став дека е неопходно потпишување на меморандум за соработка, помеѓу овие две исклучително важни институции. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција, г-динот Арафат Муареми и Државниот правобранител, г-динот Фехми Стафа како застапник на Државното правобранителство. Со потпишување на овој меморандум кој е од взаемна важност, уште повеќе се зајакнува и продлабочува соработката помеѓу институциите.