Соопштенија

Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Сре, 12.06.2019 - 11:58
На ден 12 Јуни 2019 година Директорот  на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство  на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.

Остварена официјална работна посета на Република Словенија

Вто, 11.06.2019 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми од 4 до 7 Јуни 2019 година престојуваше во работна посета на Република Словенија. Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имотот стекнат на нелегален начин.

Поднесена кривична пријава против М.Т и О.С.М управители на фирмите ПРОТОТИП и ФЕРО ЦЕНТАР

Пет, 17.05.2019 - 15:51
Поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување-член 279 и Фалсификување или уништување на деловни книги-член 280 од КЗ против М.Т во својство на  сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ПРОТОТИП дооел и О.С.М во својство на сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ФЕРО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје...