Соопштенија

Работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Пет, 04.01.2019 - 14:42
На ден 04.01.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата Арафат Муареми.На работната средба се дискутираше за постигнатите резултати на Управата во 2018 година и планираните активности за 2019 година.

Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година

Пет, 04.01.2019 - 13:57
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција во поглед на реализираните мерки и активности во текот 2018 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР.

Меморандум за соработка со Централен регистар на РМ

Сре, 19.12.2018 - 11:55
На ден 19.12.2018 година Управата за финансиска полиција и Централниот регистар на Република Македонија потпишаa Меморандум за соработка. Овој меморандум е резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции. Со него се гарантира континуитетот во унапредување на институционалната одговорност, но и посветеноста на двете институции за откривање и анализа на податоци за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела и нивните сторители од областа на финансискиот криминал...