Соопштенија

Кривична пријава за директорката на Агенцијата за филм

Сре, 06.12.2017 - 10:40
Управата за финансиска полиција во консултација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Директорот на Агенцијата за филм М.Ѓ.И која  во период од 26.10.2016-18.09.2017 злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување склучила Анекс Договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на проектот играната серија "Македонија" во корист на државјанин на Р.Хрватска и Јадран...

Кривична пријава за одговорни лица на АД Мепсо

Сре, 06.12.2017 - 10:04
Во период од месец ноември 2016 година до месец август 2017 година К.А., поранешен Директор за управување со пазарот на електрична енергија и член на УО, С.В., поранешен Директор за финансиски работи во Дирекција и член на УО и Н.Ј., поранешен Генерален Директор во својство на одговорни лица во АД Мепсо со неизвршување на својата службена должност и овластувања му нанеле значителна штета на АД Мепсо Скопје во износ од 42.408.965,00 денари.

Кривична пријава против директор на Фени Индустри

Чет, 02.11.2017 - 10:38
Управата за финансиска полиција поденес кривична пријава против Ј.М во својство на извршен директор на Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Фени индустри АД Кавадарци. Злоупотребувајќи ја службената положба и овластување незаконски отуѓил дел од подвижните предмети врз кои банките имале воспоставено заложно право.

Кривична пријава за градоначалник на Вевчани за тендер

Пет, 06.10.2017 - 10:55

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Градоначалникот на Општина Вевчани и други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување, Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка и помагање.

 

 

Кривична пријава за организирана група 9 физички лица

Вто, 05.11.2013 - 10:26

 Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против организирана група составена од 9 (девет) физички лица, поради постоење на основано сомнение дека истите ги сториле кривичните дела Злосторничко здружување по членот 394, став 1 и 2, Даночно затајување по член 279, Фалсификување или уништување на деловни книги по член 280 ст.2 в.в.ст.1, Злоупотреба на службена положба по член 353, Помагање по член 24 и Потикнување по член 23 од КЗ на РМ.