На ден 19.12.2018 година Управата за финансиска полиција и Централниот регистар на Република Македонија потпишаa Меморандум за соработка. Овој меморандум е резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции. Со него се гарантира континуитетот во унапредување на институционалната одговорност, но и посветеноста на двете институции за откривање и анализа на податоци за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела и нивните сторители од областа на финансискиот криминал...
Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела
Управата за финансиска полиција на 28-29.11.2018 беше домаќин на работилница за „Одземање и управување со средства стекнати со криминални дела“. Истата беше организирана во соработка со ОБСЕ и ГИЗ. ЕУ во изминатите две децении има поддржано многу реформи во Западен Балкан. Работењето на реформите во владеењето на правото, основните права и доброто владеење остануваат клучни прашања за овие земји и голем предизвик за глобалната заедница.
Меморандум за соработка со Државно правобранителство
На ден 28.10.2018 г во се оддржа средба на која беа разменети искуства и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство. Оваа средба беше договорена на предходните состаноци каде беше завземен став дека е неопходно потпишување на меморандум за соработка, помеѓу овие две исклучително важни институции. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција, г-динот Арафат Муареми и Државниот правобранител, г-динот Фехми Стафа како застапник на Државното правобранителство. Со потпишување на овој меморандум кој е од взаемна важност, уште повеќе се зајакнува и продлабочува соработката помеѓу институциите.
Кривична за Градоначалник на Општина Демир Капија
Во акцијата „Грант“, спроведна од страна на Управата за финансиска полиција, каде што се опфатени четири службени лица од Општината Демир
Капија, меѓу кој и екс градоначалникот Т.Д., на предлог на Јавен Обвинител, Основниот Суд Скопје 1 на три осомничени лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а за четврто осомниченото лице е определена мерка куќен притвор.
Интервју на директорот Муареми за Фактор
Голема странска инвестиција која се уште работи во земјава е под лупа на Управата за финансиска полиција. Првиот човек на оваа институција Арафат Муареми во интервју за Фактор вели дека со овој случај ќе докаже дека дел од инвеститорите дошле во земјава само колку да земат пари од буџетот. Колкав криминал е направен и колкава е штетата на државниот буџет, Муареми вели дека набрзо ќе се дознае.
Кривична пријави за градоначалник на Општина Карпош
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.
Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.
Присуство на конференција
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија", кој е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012 реализиран во изминатиот период во Република Македонија.