Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Поднесена кривична пријава против М.Т и О.С.М управители на фирмите ПРОТОТИП и ФЕРО ЦЕНТАР

Пет, 17.05.2019 - 15:51
Поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување-член 279 и Фалсификување или уништување на деловни книги-член 280 од КЗ против М.Т во својство на  сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ПРОТОТИП дооел и О.С.М во својство на сопственик и управител на Друштвото за градежништво и трговија на големо и мало ФЕРО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје...

Поднесена кривична пријава против Л.Р во својство на благајник во ЈЗО Институт за јавно здравје.

Пет, 17.05.2019 - 10:21
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Затајување по член 239, УФП поднесе  кривична пријава против Л.Р во својство на благајник во ЈЗО Институт за јавно здравје...

Поднесена кривична пријава против А.Ч. управител и сопственик на второпријавениот правен субјект СИЛВЕР МЕДИА ЦЕНТАР доо

Пет, 17.05.2019 - 08:26
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување, член 279 од КЗ до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против А.Ч. во својство на управител и сопственик на второпријавениот правен субјект СИЛВЕР МЕДИА ЦЕНТАР доо Скопје

Директорот Арафат Муареми во работна посета на Guardia di Finanza, Република Италија

Пет, 12.04.2019 - 13:56
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во придружба на уште двајца претставници од Управата, во периодот од 07-11 Април оствари работна посета на Guardia di Finanza во Република Италија.

Втора годишна конференција по повод 2 Април - Ден на Буџетот

Сре, 03.04.2019 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Втората годишна конференција по повод 27-та годишнина од усвојувањето на првиот Буџет на Република Северна Македонија и одбележување на Денот на Буџетот- 2 Април.

Работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Пет, 04.01.2019 - 14:42
На ден 04.01.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Управата Арафат Муареми.На работната средба се дискутираше за постигнатите резултати на Управата во 2018 година и планираните активности за 2019 година.

Извештај за работата на Управата за финансиска полиција за 2018 година

Пет, 04.01.2019 - 13:57
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција во поглед на реализираните мерки и активности во текот 2018 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol