Работна средба на Директорот на Управата за финансиска полиција со делегација на Македонски полициски синдикат
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми оствари работна средба со Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев, генералниот секретар на МПС Киро Трајковски и претставникот на МПС Горан Ристевски, На состанокот се дискутираше за склучување на Колективен договор помеѓу Управата за финансиска полиција и Македонскиот полициски синдикат, како и можноста по исполнувањето на условите предвидени со Статутот на МПС претставник од УФП да земе учество во Советот на МПС што ќе биде од големо значење за вработените во Управата.