Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Во акцијата „Рибар“ на УФП сузбиена е организирана група на бизнисмени, банкари и сметководители осомничени за сторени кривични дела даночно затајување и злоупотреба на слубена положба и овластување

Сре, 07.10.2020 - 18:00
Управата за финансиска полиција во кординација со Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против 20 физички  и 15 правни лица, за сторени кривични дела: Даночно затајување по чл. 279 Соизвршителство по чл.22, Злоупотреба на службената положба и овластување по чл.353 и Помагање по чл.24 од Кривичниот закон, кои го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија.

Конференцијата за Сузбивање на организиран криминал низ стратешко партнерство

Пон, 05.10.2020 - 14:51
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата за Сузбивање на организиран криминал низ стратешко партнерство, одржана онлајн на ZOOM платформата на 5 Октомври 2020 година.

Работен состанок со Заменик Председателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Сре, 30.09.2020 - 10:18
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми со дел од својот тим, оствари средба со Заменик Председателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Соопштение за јавноста

Вто, 28.07.2020 - 11:52
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Ѓ. во својство на Претседател, О.М. во својство на Раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Одделот за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија, како и Ѓ.Ч. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје; Н.Л. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Сеф Компани ДОО Скопје; С.Т во својство на сопственик и управител на правниот субјект Усјепор ДООЕЛ Скопје; К.А, во својство на овластено лице во правниот субјект Км Емона ДООЕЛ Скопје; Е.Н. во својство на градежен инжинер во правното лице Балкан-Консалтинг ДОО Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правните субјекти  Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје и Принт Примус ДООЕЛ Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правниот субјект ТП Оли-Вети Копирс Скопје; И. П. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје; Ј.Д. во својство на сопственик правниот субјект Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје; И.Ш.  во својство на сопственик и управител на правниот субјект Борографика ДООЕЛ Скопје; С.С. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Елит Травел ДООЕЛ Скопје како и против горенаведените правни субјекти кои се стекнале со противправна имотна корист, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ по член 394 ст.1 , ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО по член 273 ст.1, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ по член 353 ст.2, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в ст.2, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 ст.3, ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 ст.1, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ по член 280 ст.1, СОИЗВРШИТЕЛСТВО по член 22, ПОМАГАЊЕ по член 24, и ПРОДОЛЖЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО по член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Соопштение за јавноста

Сре, 26.06.2019 - 08:30
Денес 26.06.2019 година во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа средба помеѓу директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, преставник на месната заедница на село Љуботен и дел од жителите на селото.

Одржана прес-конференција за резултатите и поднесени кривични пријави на Управата за финансиска полиција

Пет, 21.06.2019 - 17:15
На ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Сре, 12.06.2019 - 11:58
На ден 12 Јуни 2019 година Директорот  на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство  на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.

Остварена официјална работна посета на Република Словенија

Вто, 11.06.2019 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми од 4 до 7 Јуни 2019 година престојуваше во работна посета на Република Словенија. Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имотот стекнат на нелегален начин.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol