Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски денес учествуваше на Петтата сесија на Работната група 6 - "Антикорупција" во рамки на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и одговорно лице во правно лице како и против две службени лица, поради основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела , Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 4 в.в. став 1 од КЗ, Проневера во службата од член 354, став 3 в.в став 1 од КЗ и Несовесно работење во службата од член 353, став 2 в.в став 1 од КЗ.
Денес 08.04.2025 се одржа првиот состанок на Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата, што ќе овозможи создавање на систем кој ефективно ќе се справува и ќе ги координира напорите за превенција и елиминација на оваа рак рана за нашата земја, навлезена во сите сфери од
Денес, 02.04.2025 Директорот, Слободан Ивановски оствари работен состанок со Џејсон Корли, постојан правен советник на САД кој ја води програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД, Мајкл Мек Ки, аташе за спроведување на законите во Амбасадата на САД кој ја води програмата ИЦИТАП, како и со претставници на Амбасадата на САД во Скопје.
Директорот Горан Иванов, оствари работна средба со Simon Woodcock, офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на Британската амбасада во Скопје.
Денес 16.05.2023 се одржа работна средба на Горан Иванов , Директор на Управата за финансиска полиција, со Ислам Абази, основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ДАНОЧНА ИЗМАМА
Во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти
На ден 12.04.2023 година, Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Денес 31.03.2023 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потпишаа меморандум за соработка.
Денес 22.03.2023 во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов и Директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски.
На ден 23.02.2023 година, во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работен состанок на Директорот на Управата, Горан Иванов и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Директорот Горан Иванов и претставници на Управата за финансиска полиција остварија работна средба со полициските советници за организиран криминал и за борба против тероризам...
На средбата Директорот Горан Иванов истакна благодарност за успешната соработка на Управата за финансиска полиција и амбасадата на Република Словенија во Скопје