Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Кривична пријава против три физички и две правни лица
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела, Даночна измама по член 279-а ст.2 во врска со ст.1, Даночно затајување по член 279 ст.2 во врска со ст.1, Соизвршителство по чл.22 и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
Панел дискусија на тема ,,Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги,,
Директорот, Слободан Ивановски, учествуваше на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија на тема „ Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. Со оглед на важноста на сегментот од Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност – на патот на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, од исклучителна важност е да продолжиме да ги зајакнуваме, унапредуваме и надградуваме нашите капацитети во насока на подобрување на финансиските истраги.
Одржана меѓуинституционална средба
Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи заеднички ќе делуваат при одредени активности со цел навремено и полесно да се реагира во борбата со финансискиот криминал, oва беше договорено на денешната средба на директорот на Управата за финансиска полиција , Слободан Ивановски со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје, во работна посета на Управата за финансиска полиција
Денес во просториите на Управата за финансиска полиција, директорот Слободан Ивановски оствaри работна средба со Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје. На состанокот се разговараше за размена на искуства и соговорниците се согласија дека постојат можности, но и потреба за натамошно интензивирање на соработката во повеќе области со цел за превенирање и сузбивање на финансискиот криминал во земјава, но и на меѓународно ниво.
Работен состанок со претставници на ИЦИТАП програмата при Амбасадата на САД
Продолжување на досегашната соработка и заеднички активности кои ќе ги преземаме во периодот што следи, беа фокусот на денешната работна средба со Полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД, Вирџинија Елиот. На средбата се говореше за проектите и досегашната поддршка во доменот на кривичните истраги, преку меѓународната програма ИЦИТАП.
Работна средба со претставници од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски оствари работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Досегашната соработка и идните планови за нејзино продлабочување, беа темите на работниот состанок.