Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Остварена работна средба со Директорката на Управата за јавни приходи

Вто, 04.10.2022 - 14:41
Во знак на продолжување и унапредување на заедничката соработка, Директорот  на Управата за финансиска полиција - Горан Иванов оствари работна средба со Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска.

Соопштение за медиуми

Чет, 26.05.2022 - 16:10
Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум физички лица, од кои две физички лица во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Потпишан Договорот за интероперабилност помеѓу Управата за финансиска полиција и Министерство за правда

Чет, 10.03.2022 - 15:11
На ден 10.03.2022 година   во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, директорот Арафат Муареми го потпиша Договорот за интероперабилност склучен помеѓу Министерството за правда и Управата за финансиска полиција, како дел од групата институции потписници на договорите.

Во знак на подрршка во остварување на хуманитарни цели и задачи директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Северна Македонија

Сре, 23.02.2022 - 16:06
На ден 22.02.2022 година директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити. На средбата од страна на Генералниот секретар Саит Саити беше претставена работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија...

Работна среда со г-дин Алмир Кудра, полициски советник за организиран криминал од Мисијата на ОБСЕ

Сре, 26.01.2022 - 13:45
Во знак на продолжување на заедничката соработка со Мисијата на ОБСЕ во земјава, Директорот на Управата за финансиската полиција Арафат Муареми оствaри работна средба со полицискиот советник за организиран криминал г-дин Алмир Кудра од Мисијата на ОБСЕ.

Соопштение за медиуми

Чет, 11.11.2021 - 12:28
Управата врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ...

Соопштение за јавноста

Вто, 09.11.2021 - 22:21
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица од кои: првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената како службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 5 вв став 1 од Кривичниот законик, кривично дело ПОТТИКНУВАЊЕ од член 23 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353 – в став 1 од Кривичниот законик.

Соопштение за јавноста

Сре, 06.10.2021 - 08:43
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект “Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат давачки-комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на 9 нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

Прв академски час за учебна 2021/2022 на Факултетот за безбедност

Пон, 04.10.2021 - 16:11
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на 01.10.2021 имаше чест да присуствува и да се обрати  на првиот академски час на новата студентска година на Факултетот за безбедност при...
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol