Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Обраќање на Директорот Слободан Ивановски на "Антикорупцискиот караван"

Чет, 20.02.2025 - 15:10
Во организација на МЦМС се одржа Антикорупциски караван во Битола и Прилеп чија цел е заедно со граѓаните да се води битка и да се добијат реални резултати во борбата против корупцијата. Учесниците во Антикорупцискиот караван упатија заедничка порака дека во борбата против корупцијата треба да се настапува заеднички и со поддршка на граѓаните. На плоштадот магнолија во Битола се обрати и Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција кој најави формирање на систем кој како што рече ќе биде имун на ургенции.

Интервју на Директорот Слободан Ивановски за Фактор

Чет, 20.02.2025 - 15:05
Слободан Ивановски, в.д. директорот на Управата за финансиска полиција, во интервјуто „Фактор“ открива дека веќе се започнати две иницијативи за проверка на потеклото на имотот на поранешни функционери, од кои еден бил доскорешен судија. Се работи на повеќе предмети, а веќе е одземена документација од ЕСМ за спроведени сомнителни јавни набавки во периодот 2021-2022, вели тој во интервјуто.

Интервју на Директорот Слободан Ивановски за Радио Слободна Европа

Чет, 20.02.2025 - 14:50
Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, беа опфатени повеќе теми меѓу кои реформирање на системот на работење на Управата за финансиска полиција, формирање на одделение за внатрешна контрола како и модернизација и дигитализација на Управата преку ДМС системот.

Кривична пријава против едно физичко лице во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија

Сре, 19.02.2025 - 12:30
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б.  во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања и несовесно работење во службата

Чет, 13.02.2025 - 13:29
Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице  во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело  ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ  по член 353 став 1 од КЗ. Како и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У  во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член  353-в  став 4 од КЗ.

Работен состанок со експертите за безбедност при Италијанската финансиска полиција

Сре, 12.02.2025 - 13:16
Директорот Слободан Ивановски оствари работен состанок со експертите за безбедност, Г-дин Фабио Серагуса експерт на Италијанска финансиска полиција со седиште во Белград и Г-дин Масимо Пани експерт по безбедност при италијанската амбасада во  Скопје. На состанокот беа дискутирани теми од заеднички интерес, со посебен акцент на потребата од продлабочување на заедничката соработка во делот на сузбивање на економскиот и финансискиот криминал, кој предизвикува штета на Буџетот на двете земји, како и на Буџетот на Европската заедница.

Поднесена кривична пријава против поранешен директор на СОЗР и уште едно физичко лице

Сре, 05.02.2025 - 14:02
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од КЗ на РМ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од КЗ на РМ, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од КЗ на РМ и НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од КЗ на РМ и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од КЗ на РМ.

Поднесена кривична пријава против две службени лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1од КЗ

Сре, 29.01.2025 - 15:46
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ж. Т. во својство на Помошник Министер во Министерството за внатрешни работи и против А. С во својство на Раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот Законик, на Република Северна Македонија.

Кривична пријава притив физичко и правно лице за неплаќање на ДДВ

Сре, 22.01.2025 - 09:45
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.

Изјава на Директорот Слободан Ивановски за постигнати резултати на Управата за финансиска полиција

Пон, 30.12.2024 - 17:24
Во изминатиот период од четири месеци, Управата за финансиска полиција, постигна значајни резултати во областа на своето делување, особено во поглед на започнатите постапки и завршените пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. "Можеби најважната работа за нас како Управа е реализацијата на поведени постапки и завршени пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. "
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol