Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Потпишана декларација за формирање на регионална компонента на GlobE-Глобална оперативна мрежа на антикорупциски органи за Западен Балкан

Сре, 06.09.2023 - 16:54
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов со свој тим во Виена,Австрија присуствуваше на регионална конференција посветена на формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи.

Поднесена кривична пријава против едно физичко лице и три службени лица

Вто, 08.08.2023 - 13:54
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против едно физичко лице во  својство на Претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело  Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија.

Работна средба за координација на активностите помеѓу Управата за финансиска полиција и јавните обвинителства

Пет, 21.07.2023 - 17:09
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Јавниот обвинител на  Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Работна средба на Директорот Горан Иванов со Simon Woodcock ,офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија

Сре, 07.06.2023 - 15:15
Директорот Горан Иванов, оствари работна средба со Simon Woodcock, офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на  Британската амбасада во Скопје.

Работна средба со Ислам Абази основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Вто, 16.05.2023 - 15:23
Денес 16.05.2023 се одржа работна средба на Горан Иванов , Директор на Управата за финансиска полиција, со Ислам Абази, основен јавен обвинител  на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Кривична пријава поради постоење на основано сомневање за кривично дело ДАНОЧНА ИЗМАМА

Вто, 02.05.2023 - 15:00
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ДАНОЧНА ИЗМАМА 

Спроведени проверки во поголем број на правни субјекти

Пет, 28.04.2023 - 15:54
Во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти

Работна средба на Директорот на Управата за финансиска полиција со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски

Сре, 12.04.2023 - 14:44
На ден 12.04.2023 година, Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol