Работен состанок и доделени благодарници за успешна соработка
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари средба со Г-дин Сајмон Вудкок, Oфицер за врски за фискален криминал на Управа за јавни приходи и царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и Г-дин Ричард Велхам, Регионален координатор за обуки за Јавни приходи и царини за Западен Балкан
Управата за финансиска полиција ги зајакнува своите капацитети во борба против организираниот финансиски криминал и корупцијата
Управата за финансиска полиција, со поддршка од Обединетото Кралство, го модернизира своето работење преку имплементација на нов современ документ менаџмент систем, кој ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата, побрза размена на информации и податоци со другите релевантни институции, скратување на времетраењето на предистрагите, како и обезбедување на квалитетни и релевантни докази.
Работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење
Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, чија цел беше анализа на резултатите од досегашната соработка како и утврдување на идните чекори со цел продлабочување и унапредување истата.