Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал
На ден 12 Јуни 2019 година Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на Конференцијата организирана од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на ЕУ ИПА/2017- Борба против тешкиот криминал во Западен Балкан, на тема „Заедничката соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.